Регулаторна одлучи, од полноќ нови поевтинувања на горивата

Точка

17/03/2022

19:26

4.784

Големина на фонт

а а а

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,31% во однос на одлуката од 16.03.2022 година.

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денари по литар, а цента на дизелот се намалува за три денари, одлучи Регулаторна.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,228 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 16.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,521 ден/кг.




Спонзорирани линкови

Маркетинг