(Видео) Украинска блогерка ги опишала условите за породување додека трае војната: Парчиња стакло летаа наоколу

Точка

15/03/2022

10:19

1.706

Големина на фонт

а а а

Маријана Вишегирскаја за британски Гардијан открила како изгледало нејзиното пораѓање во импровизирана болница во време кога нејзиниот град бил бомбардиран и фрагменти од прозорци и ѕидови летале околу неа и другите трудници.

„Лежевме во одделенијата додека стаклото, рамките, прозорците и ѕидовите се распаѓаа и летаа околу нас“, вели Вишегирскаја, која Русите ја обвинија за фалсификување фотографии од нападот на Мариупол.

На видеото објавено на официјалниот канал на Јутјуб на Гардијан се гледа како блогерката лежи во импровизирана болница додека се грижи за својата ќерка.

„Тоа се случи на 9-ти март во Болницата 3 во Мариупол“, започнала Маријана.

Таа истакнала дека наоколу летале парчиња стакло, прозорци и ѕидови и дека не знаеле како се случило тоа.

„Бевме во своите одделенија, некои успеаја да се заштитат, некои не“, објаснила таа.

Фотографиите на Маријана кои прикажуваат како со крваво лице бега од породилиштето на Мариупол откако го бомбардирала руската војска, го обиколија светот.

Руската амбасада во Лондон ја обвини блогерката дека користела шминка и лажна крв за да ја измами јавноста.

И покрај сите неволји, Вишегирскаја успеала да роди здраво девојче кое го носи името Вероника.



Спонзорирани линкови

Маркетинг