Раѓање на нов светски поредок: Бришењето на Русија од ОН ни носи свет во кој три џина се прашуваат повеќе од било кога, а аутсајдер има само еден

Точка

05/03/2022

17:32

134.243

Големина на фонт

а а а

Владимир Путин порано или подоцна ќе ја изгуби оваа војна. Дури и ако ја прегази Украина - ќе изгуби. Неговата позиција долгорочно е неодржлива. Дури и Русија одамна влезе во 21-виот век и ги искуси сите негови погодности. Еден просечен Русин повеќе нема ни сила, ни желба за братоубиствена војна со своите соседи, ниту за меѓународна изолација, ниту за уништена економија.

Но, не е сеедно на кој начин Путин ќе изгуби и во каков нов свет ќе живееме после тоа.

Моментот кога шефот на дипломатијата на Русија, Сергеј Лавров, го почнува својот говор пред Генералното собрание на ОН, по што дипломатите од речиси целиот свет ја напуштаат салата во знак на протест против руската агресија на Украина, можеби е прв показател на некоја нова архитектура на меѓународните односи. Претпремиера на некој нов светски поредок во кој можеби не ни постојат Обединетите нации, барем не вакви какви што ги знаеме последните 70 години.

Ако работите се гледаат така можеби тој нов поредок веќе и стапил на сила? Како воопшто се очекува да опстане врвната светска организација чија улога е решавање на проблемите со дијалог, ако нејзините актери не сакаат ни да се сослушаат едни со други?

„Ако дојде до уште посериозна ескалација на судирите во Украина може да се очекува воспоставување на нов светски поредок во кој ОН како што се денес, и нивните принципи, ќе припаѓаат на минатото“, вели за "Blic" дипломатски извор кој долго работи во ОН.

Три лути џинови

Тоа, во пракса, би значело рушење на меѓународниот либерален поредок кој Западот го воспоставил по победата во Студената војна. Во новата архитектура на светот можеби ќе гледаме нешто сосема нова, а всушност и помалку или повеќе очекувано - поредок кој се заснова на три џинови - САД, Русија и Кина, и нивните меѓусебни односи.

Тоа, накратко, би била нова борба за стара доминација.

„Новиот поредок ќе се заснова на односите на овие три сили. Кога имаме три актери, тоа е подложно на потреси. Влеговме во политика на реализам, односно борба за превласт на оваа тројка“ вели извор на "Blic".

Во тој нов свет се би можело да се заснова на сила и борба за територија. Победник е неизвесен, а поразени ќе бидеме сите ние "мравки", бидејќи борбата на џиновите ќе трае без престан.


Фаворити нема, но аутсајдерот е добро познат

Фаворити моментално нема: САД се ослабени со двајца слаби претседатели во низа (Трамп и Бајден), и со внатрешни политичко-културолошки поделби. Кина се уште нема мека моќ да се наметне на светот, а Русија во ова друштво е можеби просјак, но со најголем нуклеарен арсенал на светот.

Од друга страна, аутсајдер има: тоа е Европа, ослабена со внатрешни превирања, несогласувања, сопрени процеси на проширување и кризно лидерство меѓу Германија и Франција.

„Моментално ниедна од трите земји фаворити не е супериорна. САД се најмоќни, но не и главни. Во еден момент сите ќе се исцрпат и ќе се обидат да најдат решение каде тоа е единствено можно - повторно во Обединетите Нации. Но, како ќе изгледа таа организација, какво ќе биде нејзиното уредување? Би било добро да тежнее кон принципите на ОН кои прв пат биле прекршени за време на бомбардирањето на Југославија“, предвидува соговорникот на "Blic".

Додека сето тоа не се случи, би можело да ни биде само полошо, како што навел овие денови францускиот претседател Емануел Макрон.

„Ново време ќе се заснова на сили, ,знамиња ,граници, борби за превласт. Во либерализмот човековите права и слободите беа доминантни, но сега тоа паѓа во втор план“, предвидува соговорникот на "Blic".

Промени се неминовни

Дека ќе дојде до промени во ОН смета и Димитрије Милиќ од организацијата "Нов трет пат", бидејќи, како што вели, ОН е повоен проект кој неколку пати ја покажал својата неефикасност.

„Многу извесно доаѓа до промена во начинот на функционирање на ОН. Сегашниот начин е веќе застарен, што посебно се гледа по структурата на постојаните членки на Советот за безбедност, која не го отсликува реалниот однос на силите во светот“, вели Милиќ за "Blic".

Смета и дека оваа ситуација можеби би била идеална можност да се дојде до многу потребните реформи во ОН.

„Во своето секојдневно функционирање без Русија тоа веќе ќе биде поинаква организација во пракса“, предупредува Милиќ.


Западен план

Дека би можело да дојде до наизглед незамисливото исфрлање на Русија од ОН предочил и претседателот на Србија Александар Вучиќ, зборувајќи откако Србија се согласила за Резолуцијата на ОН со која се осудува руската агресија на Украина.

Вучиќ навел дека во наредниот период постои страв дека западните земји би можеле да ја исфрлат Русија од ОН.

Критичарите на Вучиќ укажале на ставот дека исфрлањето на Русија од ОН е многу компликуван потфат, можеби и правно невозможен. Но, правно невмозможно беше и да се бомбардира Југославија. Правно невозможно беше и да се изврши брутална агресија на Украина.

Во меѓувреме, ситуацијата се заострува и на фронтовите во Украина, но и во дипломатските ровови. Оправданите санкции против Путин и неговите олигарси повремено се претвораат во антируска хистерија во која, на пример, жртви се и параолимпијци од Русија и Белорусија, на кои им е забрането учество на Параолимписките игри во Кина.

Јазот е се подлабок и планетата влегува во нов след на настани, а од другата страна на приказната не набљудува железен автократ кој во октомври полни 70 години и полека се доближува до точка од која нема враќање.

А ако Русија на крај на правно невозможен начин се исфрли од ОН чија е постојана членка и основач тогаш не е невозможно и да стисне црвеното копче.

Сепак, Путин порано или подоцна ќе ја изгуби оваа војна. Дури и ако посегне по нуклеарно оружје, порано или подоцна секако ќе изгуби.



Спонзорирани линкови

Маркетинг