По цели 17 години, по победата на музичкото шоу „М2“ и 7 години пауза од музиката, некогаш популарниот поп пејач Ламбе Алабаковски се враќа на македонската естрадна сцена.
Ламбе претходно живееше во Америка со своето семејство односно сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј.
За ваквата голема одлука, Алабаковски зборува во ексклузивното интервју на магазинот „Бекстејџ“. Тој неодамна, за првпат по 7 години, се појави на музичката сцена на концертот одржан во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски во Битола, каде настапи заедно со Каролина, Димитар Андоновски, Виктор Апостоловски, Александра Јанева....
Зошто Ламбе се врати во Македонија, дали ѝ се враќа на музиката и кои се неговите замисли на музички план, со кого планира да соработува, какво е неговото мислење за сегашната состојба на музичката сцена во државата и многу други работи, дознајте од видеото во продолжение:






