Путин го направил тоа што досега било невозможно и тоа му е најголема грешка во животот

Точка

28/02/2022

21:47

120.185

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија направи нешто невозможно - создаде единствена Европска унија, оценува порталот "Политико".

„Непредизвиканата инвазија на Русија над Украина ја обедини Европа и целата трансатлантска сфера како ништо досега, уште од падот на Берлинскиот ѕид“, наведува тој портал.

Во текстот понатаму се наведува дека сите несогласувања околу Русија кои членките на ЕУ ги имале со децении едноставно се стопиле во оној момент кога почнала војната во Украина, бидејќи една по една земја од ЕУ застанале на страната на Украина, вртејќи го грбот на Путин и Русија.

А тоа се, потсетува "Политико", и Италија и Германија, кои досега, поради своите интереси ја кочеле секоја одлука против Русија, но и претседателот на Чешка Милош Земан и унгарскиот премиер Виктор Орбан, кои, како што "Политико" наведува, се традиционални сојузници на Путин.

До неделата цела ЕУ застанала зад одлуката во Русија да се воведат најстроги санкции, вклучувајќи ги оние воведени против самиот Путин, а земји кои не се членки на ЕУ ги затвориле своите воздушни простори за руските авиони. Исто така, забрането е емитување на руските канали "Russia Today" и "Sputnik".


Но, тоа му е најголема грешка во животот

Рускиот претседател всушност целиот свој професионален живот го минал борејќи се против Западот, пренесува "Index".

Прво како агент на КГБ во Источна Германија, во која сведочел на падот на Берлинскиот ѕид и почетокот на триумфот на Западот над СССР. Подоцна и како долгогодишен претседател на Русија, која во меѓувреме преку официјалната државна политика ја дефинирал како цивилизација за себе, наспроти декадентниот Запад.

Кога во 2000-та година дошол на власт во Русија по хаотичните и катастрофални 1990-ти години за Русите, Путин се занимавал претежно со внатрешна политика. Прогонувал одбрани олигарси за другите да ги потчини, ја консолидирал економијата, вовел каков-таков ред и немилосрдно војувал во Чеченија. Со тоа ја зголемил својата моќ, од која не сакал да се откажани по цена на изигрување на уставните ограничување да се кандидира за трет претседателски мандат.


Брегзит, победата на Доналд Трамп, масовното ширење на лажни вести, хакерските напади, протекување на доверливи документи на западните влади итн - во сето тоа минатите години свои прсти имал вмешано Путин со своите фарми за ботови и војска од хакери. Тој секако не бил единствен играч во таа игра, но бил еден од најопасните, бидејќи Русите под негово водство навистина изградиле капацитети константно да работат на поткопување на Западот. "Index" пренесува и дека - ако целта на Путин била да го ослаби Западот, тогаш имало моменти кога рускиот претседател можел да биде и тоа како задоволен.

„Но, сега, отиде, не еден, не два, туку илјади чекори подалеку со својата инвазија на Украина, која во релативно краток рок за политичките процеси во западните демократии го произведе тоа што секогаш било кошмар за Путин - Единство на Западот“, пренесува "Index". Путин Германија ја натерал на експресна промена на долгогодишната политика на попуштање на Русија.

Путин на Западот во моментов му дал нешто што може да го обедини целиот Запад - а тоа е заеднички непријател.



Спонзорирани линкови

Маркетинг