Каде ќе запре Путин? Ја нападна Украина, а ова би можел да биде неговиот следен чекор

Точка

25/02/2022

20:24

121.580

Големина на фонт

а а а

Иако целиот свет се надеваше дека нема да дојде до ова, Украина е нападната. Руските авиони ги бомбардирале аеродромите и други воени цели ширум Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин ја оправдува својата инвазија на соседната земја со тоа што наводно сака да го заштити проруското население во Доњецк и Луганск, области кои прогласиле независност од Украина.

Меѓутоа, Западот смета дека тоа е само изговор, дека нема никаков геноцид, како што неколку пати го навел Путин кој ја признал независноста на двете отцепени украински територии.

Наместо тоа, целите на Путин, се верува, се дополнително да ја прошири територијата и моќта на Русија, на Западот да му покаже дека и натаму е голема сила и да ги казни оние кои, како Украина, му се закануваат.

Една од главните цели на мобилизацијата на руските копнени, морски и воздушни сили е обиколување и воено онеспособување на Украина, како и слабеење на тамошните власти.

Следно е заземање на Маријупољ

Како дел од воените операции, многу воени аналитичари го гледаат преземањето на пристаништето во Црното Море како нареден чекор на Путин.

Русија спроведувала воени вежби со Белорусија како параван за подготовки на офанзивна операција од големи размери и извршила инвазија практично без предупредување.

Заедничките вежби на Русија и Белорусија биле фокусирани на офанзива со комбинирано вооружување, вклучувајќи воспоставување на надмоќ во воздух и пружање на воздушна поддршка со големи, механизирани сили.

Светот во тоа и се уверил. Нападните се цели ширум Украина, а руската војска дошла до сам Киев.

Експертите за одбрана од Атлантскиот совет објавиле проценки кои загрижуваат.

Воените аналитичари предвидуваат активности и на море.

„На море, предвидуваме дека руската морнарица би можела да настојува да ги контролира водните патишта во Азовското море - со можно заземање на пристаништето Маријупољ - додека се зголемува притисокот на сите единици на НАТО во Црното или Средоземното море“, наведуваат аналитичарите.

Русија инаку, во четвртокот го гранатирала и Маријупољ, па се укажува на тоа дека прогнозите се многу возможни.


„Во неодамнешните руски поморски вежби во кои учествуваа четири флоти, видовме дека фокусот е на противподморничка војна, набљудување, заедничкивоздушни и противоздушни операции и површинска војна. Овие вежби веројатно покажуваат дека руската морнарица делувала и ги држела во опасност бродовите на НАТО“, наведуваат тие.

Со можна идна анексија на отцепените републики, Русија би можела да тежнее и кон заземање на пристаништето Маријупољ, велат аналитичарите.

Маријупољ е значајно комерцијално пристаниште во Азовското море и контролира поголем дел од извозот на житарки и разни пратки во регионот.

Слабеење на Киев и Западот

Путин сака да ја преобликува европската безбедносна архитектура и да ги наруши одбранбените ветувања на НАТО до поранешните советски држави. За таа цел, Путин е подготвен да ја врати Украина во руската орбита на било кој начин. Своите немилосрдни намери ги соопштил на неодамнешната прес конференција: "Ти се допаѓало тоа или не, биди трпелива убавице моја".

Со тие зборови му се обратил на украинскиот претседател Володимир Зеленски, кога тврдел дека тој не се придржува до правилата за прекин на огнот, воспоставени со Договорот од Минск.

Меѓутоа, тој договор дефакто го кршат двете страни веќе со години, а тонот на Путин покажа дека дефинитивно не го смета Зеленски за свој пандан, туку на него гледа како на дете.


Зошто Путин се фиксира на Украина? Како поранешниот американски советник за национална безбедност Збигњев Бжежински објаснил на почетокот на 1994-та година - "Со потчинета Украина, Русија автоматски повторно станува империја".

Наспроти тоа, појавата на силна, просперитетна и демократска Украина, која претставува одржлив алтернативен политички модел за Русија, би претставувала значајна закана за легитимитетот на Путин и континуираното држење на власт.

Путин засега успева во својата цел да создаде паника во Украина. Луѓето масовно се вооружуваат и стравуваат за своите животи. Украинските власти се надеваат на помош од Западот.

Се верува дека Путин сака да доведе до рушење на украинската демократски избрана влада и на нејзино место да донесе свои марионети.

Во марионетската влада би се нашле луѓе кои му се верни, како што тоа било случај со некогашниот претседател Виктор Јанукович.

Нападот на Русија на Украина има за цел да создаде хаос на Запад. САД, Европската унија, Велика Британија и другите се мачат да пронајдат решение. Санкциите против Русија се веќе најавени, но големо прашање е дали тие ќе имаат некаков ефект и ќе го натераат Путин на повлекување.

Нуклеарна закана

Во меѓувреме, Русија продолжила да ги користи своите нуклеарни сили за да им сигнализира на САД и НАТО дека вклучување во украинската криза носи ризик од нуклеарен судир. Откако Русија го анектирала Крим во 2014-та година, Путин се заканил дека ќе го одбрани полуостровот користејќи ги руските нуклеарни сили - дали истото би можело да се случи со Луганск и Доњецк? Тоа засега е малку веројатно, но би можело да биде последица на евентуална анексија.

Русија го вежба својот нуклеарен арсенал - најголем на светот - на годишно ниво. Вежбите оваа година биле одржани порано од претходно, само неколку дена пред Русија во понеделникот да одлучи да ги признае Луганск и Доњецк.


Путин заедно со белорускиот претседател Лукашенко ги надгледувал вежбите. Ова добива посебно значење со оглед на неодамнешниот план на Белорусија да го ревидира својот устав за да се овозможи и на нејзина територија да се најде нуклеарно оружје.

Вежбите вклучувале тестирање на релативно новото руско нуклеарно хиперсонично оружје, вклучувајќи ја балистичката ракета Кинжал и противбродската крстаречка ракета Циркон. Како и многу руски оружја со домет од неколку илјади километри, таа може да биде вооружена со конвенционални боеви глави и нуклеарни боеви глави, велат експертите.




Спонзорирани линкови

Маркетинг