3 големи трагедии кои ја одбележаа украинската историја: Она што ним им се случило, не му се случило на ниту еден народ

Точка

25/02/2022

18:12

111.702

Големина на фонт

а а а

Зборот Украина е од словенско потекло што значи регион, простор, земја, покраина, но се смета дека овој збор потекнува и од индоевропскиот корен (s)krei – што значи одвојување, сечење.

Имајќи предвид дека Украина е втора земја по големина во Европа по Русија, значењето на нејзиното име доаѓа до полн израз.

Денеска се потсетуваме на 3-те големи трагедии кои ѝ се случија на оваа земја низ историјата:

Гладомор

Украина се сеќава на жртвите од Големиот глад – познат како Гладомор или Холодомор – во текот на 1932 и 1933 година од чии последици починале најмалку 3,9 милиони луѓе.

Научниците тврдат дека поради падот на наталитетот за време на Големиот глад во Украина, оваа земја загубила 600.000 новороденчиња.


Некои историчари тврдат дека вистинските бројки се многу поголеми, а Институтот за национално сеќавање сугерира дека во Украина настрадале околу 7 милиони луѓе.

Чернобил

Било 26-ти април 1986 година. Во 1:23 часот по полноќ се случи експлозија чии последици ќе се чувствуваат стотици години подоцна.

Приближно 36 часа по несреќата, советските власти започнале да евакуираат околу 115.000 луѓе кои живееле во близина, иако не пред многумина веќе да почнат да страдаат од повраќање и главоболки. Верувајќи дека наскоро ќе им биде дозволено да се вратат дома, луѓето ги оставиле своите миленици и скапоценостите. Меѓутоа, на нивно изненадување, земјиштето на оддалеченост од 18,6 милји од електраната дополнително било затворено и биле воспоставени пунктови за контрола на пристапот.


Оваа т.н. зона на исклучување била проширена во подоцнежните години, што довело до евакуација на дополнителни 220.000 луѓе. Иако неколку стотици жители се вратиле илегално, поголемиот дел од областа и понатаму е ненаселена.

Граѓанската војна која се води денес

Клучни настани: Што сè се случи досега?

- Ова е втор ден од руската инвазија на Украина. Во повеќе градови се водат жестоки борби.

- Во Киев во текот на ноќта се слушале силни експлозии.

- Украина прогласи воена состојба, бројни градови се под напад.

- Русите ја зазедоа нуклеарната електрана Чернобил и ги заробија работниците.

- Украина соопшти дека во нападите загинале 137 лица, а повеќе од 300 биле ранети. Тука се вклучени и војници и цивили.


- Западните земји воведоа санкции за најголемите руски банки, вклучувајќи ги ВТБ и Сбербанк, сопствениците на Фортенова. ЕУ објави 5 санкции воведени кон Москва.

- Во Украина е прогласена мобилизација, мажите на возраст од 18 до 60 години не смеат да ја напуштат земјата

- Зеленски тврди дека руски диверзантски групи влегле во Киев околу полноќ. Украинските власти соопштија дека големи групи руски сили се на пат кон градот.

- Речиси 100.000 Украинци ги напуштиле своите домови, илјадници од нив побегнале во странство…



Спонзорирани линкови

Маркетинг