Анализа: Како вестите влијаат на вакцинацијата

Точка

23/02/2022

17:05

101.463

Големина на фонт

а а а

Регионалната анализа на дигиталните и социјалните медиуми открива различни трендови помеѓу вестите поврзани со Ковид-19 вакцините и процесот на вакцинација во јануари 2022 година.

Во последните две години, пандемијата на вирусот „Ковид-19“ имаше големо влијание врз медиумите ширум светот. Вестите поврзани со пандемијата заземаа значаен дел од вкупната содржина на дигиталните и социјалните медиуми, и предизвикуваа голем интерес и реакции кај публиката.

Вести поврзани со Ковид-19 вакцината презентирани од топ 25 медиуми

Оваа карта го прикажува уделот на вестите поврзани со темата „Вакцина против Ковид-19“ од вкупно објавените содржини од ТОП 25-те медиуми во земјите на Западен Балкан во јануари 2022.


ТОП 150-те медиуми од регионот објавија вкупно 422,693 ВЕСТИ во јануари 2022 година, вклучувајќи: политички, економски, социјални, забавни, спортски, колумни, култура, регионални и глобални вести.

Во просек, дигиталните медиуми во овие земји создаваат по 93 вести секој ден, каде пет статии се поврзани со вакцината против Ковид-19.

Најголем удел на вести поврзани со темата „Вакцина против Ковид-19“ е забележан во Македонија (8,1% од 51,558 статии), а најмал удел е забележан во Србија (4% од 133,603 статии).

Реакции на публиката

Втор споредлив аспект низ земјите од регионот е односот помеѓу бројот на ВЕСТИТЕ за „вакцината за Ковид-19“ и РЕАКЦИИТЕ од нивната публика. Овој однос ни го дава просечниот број на реакции (лајкови, споделувања на коментари и емоции) во одредена земја. Тоа ни овозможува дополнителна споредлива перспектива за јавниот интерес и реакциите на анализираната тема во различните држави.

Следната табела го прикажува бројот на ВЕСТИ на тема вакцина против Ковид-19 и РЕАКЦИИТЕ на публиката, за секоја земја од регионот во јануари 2022 година.


Од презентираните податоци, видливо е дека во Србија постои несразмерно поголем број на активност и реакции на публиката во споредба со другите земји во регионот. Понатамошната анализа на содржините ни открива дека во Србија во јануари 2022, инцидентот на Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен силно влијаел на активноста и реакциите на публиката на социјалните мрежи на темата „ Вакцина против Ковид-19 “, поради контроверзите околу неговиот вакцинален статус и одлуките на Австралиските власти. Во јануари, просечниот број на реакции на публиката по напис „вакцина за Ковид-19“ беше 4,9 пати поголем во Србија (64), отколку во Албанија (13).

Понатаму, ги анализиравме промените во обемот на реакциите на социјалните мрежи за темата вакцината против Ковид-19“ споредени со промените во обемот на извршени вакцинации (официјални податоци), помеѓу декември 2021 и јануари 2022 година.

Оваа споредба ни покажува забележливи варијации и назнаки, во однос на тоа дали и како вестите за вакцинација можат да имаат влијание на стапките на вакцинација. Графиконот ги прикажува промените во јануари 2022 во споредба со декември 2021. Кај секоја земја гледаме различен однос на промени во јануари, нај вестите за ковид вакцина и на стапките на вакцинација.

ПРОМЕНИ НА РЕАКЦИИТЕ НА ВЕСТИТЕ И СТАПКИТЕ НА ВАКЦИНАЦИЈА
[јануари 22 / декември 21]


Оваа анализа ни открива видлив диспаритет во Србија и Црна Гора, каде што високиот пораст на реакциите на публиката (во споредба со декември), е проследен со голем пад на месечните нивоа на вакцинација.

На почетокот на 2021 година, Србија беше една од водечките држави во регионот според процентот на вакцинирана популација. Во тој период Србија донираше вакцини на други соседни земји. Во декември 2022 година, стапките на вакцинација во Србија се движеа од 20,000 вакцинирања дневно, намалувајќи се на 11,000 до крајот на тој месец.

Меѓутоа, во јануари евидентно е наглото намалување на вакцинацијата во Србија, за време на медиумската сага „Новак Ѓоковиќ - Австралија Опен“ (помеѓу 05-ти и 17-ти јануари).

Во овој период, активноста и реакциите на дигиталните медиуми поврзани со вакцината против „Ковид-19“ се зголемија за дури 3,5 пати, достигнувајќи пик од преку 30,000 реакции на 10-ти јануари, кога Ѓоковиќ по судска одлука го напушти хотелот за карантин.

Во истиот период, дневните стапки на вакцинација во Србија паднаа на историски најниски бројки и забележаа просечно намалување од -72% во споредба со декемвриските просечни стапки во Србија.

ВЛИЈАНИЕ НА ВЕСТИТЕ ПОВРЗАНИ СО МЕДИУМСКАТА САГА „НОВАК ЃОКОВИЌ - АВСТРАЛИЈА ОПЕН“
[декември 2021 – јануари 2022]


Пошироката анализа на земјите во регионот покажува помало влијание врз стапките на вакцинација како директно влијание на овој настан. Анализата на дневниот степен на стапките на вакцинација во другите земји не навестува позначајно можно влијание од настаните.

Методологија

Оваа студија користи податоци од комерцијална платформа на Pikasa „analytics.live“, која нуди 24/7 интегриран мониторинг на дигиталниот простор и собира податоци на дневна основа од над 2.000 медиуми и илјадници канали на социјални медиуми низ државите од регионот на Западен Балкан (Македонија, Албанија , Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина). Анализираните податоци и информации овозможуваат идентификација на социјалните динамики и обрасци на реакции на публиката на одредени теми, низ сите дигитални и социјални медиуми.

Во текот на јануари 2022 година, темата „Вакцина против Ковид-19“ остана во фокусот на јавноста и иницираше значителна активност кај публиката во државите од Западен Балкан.

Обемот на вести поврзани со „вакцината за Ковид-19“ значително варира помеѓу анализираните земји, заради разликите во однос на бројот на медиуми и големината на населението. За да ја направиме споредбата компатибилна, ја ограничивме оваа анализа на ТОП 25 најгледани дигитални медиуми во секоја земја. Овие медиуми креираат над 80% од вкупните содржини и интеракции. Овој пристап ги неутрализира потенцијалните нарушувања на споредливата интерпретација на податоците низ различните земји во регионот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг