Објавено видео од нападот на украинскиот министер за полиција

Точка

19/02/2022

20:24

8.341

Големина на фонт

а а а

Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски, заедно со група пратеници и 25 странски новинари, се нашол на удар на оган во Донбас, рекол во саботата неговиот советник.

Наводниот инцидент се случил во близина на селото Новолуганское во самопрогласената Доњецка Народна Република, јавува "Russia Today".

„Министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, група пратеници, како и 25 странски новинари само што беа гранатирани“, напишал советникот Антон Гершченко на Фејсбук.

„За чудо, никој не е повреден“, рекол Герашченко и додал дека новинари на "CNN", "Fox News", "Washington Post", "New York Times" и "VOA" имале можност да се уверат дека "се подготвува напад на мирната Украина".

Украина ја обвинува Русија дека се обидува да создаде изговор за инвазија. Москва категорично ги негирала обвиненијата. Во петокот сепаратистичките региони Доњецк и Луганск најавиле итна евакуација на цивили во Русија, наведувајќи стравови од непосредна закана од украинските сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг