Завршил како Епстајн: Најблискиот соработник на милијардерот пронајден мртов во својата ќелија

Точка

19/02/2022

18:43

4.282

Големина на фонт

а а а

Францускиот моден агент вмешан во скандалот со сексуално злоставување на Џефри Епстајн и принцот Ендру, денеска бил пронајден мртов во затвор каде чекал судење за силување на малолетнички.

Обвинителите во Париз потврдиле дека Жан-Лик Брунел (76) бил пронајден обесен во својата ќелија во раните утрински часови во саботата.

„Ноќната смена го пронашла неговото безживотно тело во околу 1 часот по полноќ“, рекол извор на истрагата, пренесува "Mirror".


„Отпочната е судска истрага, а првите докази укажуваат на самоубиство“, се додава.


Во декември 2020-та година Брунел бил обвинет по дводневни разговори со истражниот судија и полицијата од единицата за борба против педофилија.