Откако на сетот на филмот „Rust“ во октомври минатата година случајно ја уби директорката на фотографија, Халина Хачинс, актерот Алек Болдвин се врати на работа.
Актерот во видео објава на Инстаграм ги извести своите следбеници дека се вратил на снимањето и дека, и покрај потешкотиите, првиот ден е сепак успешно завршен.
„Првиот ден е секогаш тежок. Не работам многу како претходно. Одам да работам и заборавам што би требало да правам. Чудно ми е сега кога се вратив на работа. Не сум работел од 21-ви октомври минатата година, кога на снимањето ми се случи онаа ужасна работа, кога почина Халина Хачинс“, вели Болдвин кој моментално го снима филмот „97 Minutes“.

Актерот во своето обраќање додава дека му било многу тешко после сè да се врати на работа.
„Сè уште ми е тешко да го изговорам тоа. Но, се вратив на работа и беше интересно. Екипата е многу вредна, цел ден се на нозе“, изјавил Алек и додал дека чувството да се работи со помлада екипа и ограничен буџет е поинакво.








