Макрон пристигнал во Киев, ќе се состане со Зеленски

Точка

08/02/2022

12:06

1.885

Големина на фонт

а а а

Макрон е првиот претседател на Франција кој ја посетил Украина уште од 1998-ма година, кога на функцијата претседател бил Жак Ширак.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, пристигнал во Киев по посетата на Москва, каде со претседателот на Русија Владимир Путин разговарал за Украина.

Телевизијата "Украина-24" јавила дека Макрон ќе го посети Маринскиот дворец во Киев, каде ќе се состане со претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Макрон е прв претседател на Франција кој ја посетил Украина уште од 1998-ма година, кога на функцијата претседател бил Жак Ширак.


Заедно со Макрон, во Киев пристигнал и министерот за надворешни работи на Франција, Жан Ив ле Дријан, пренесува "TASS".

Макрон неколку пати ја нагласувал потребата за деескалација на истокот на Украина и пронаоѓање на дипломатско решение за судирите во Донбас. Тој нагласил дека за него приоритет е пронаоѓање на политички начин да се излезе од кризата.


Претседателот на Франција на заедничката прес-конференција со Путин рекол дека во текот на посетата на Киев ќе го отвори прашањето за спроведување на протоколите од Минск. Макрон неколку пати ја нагласувал потребата строго да се почитуваат договорите од Минск.

Францускиот лидер по денешниот состанок со Зеленски планира телефонски да разговара со Путин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг