„Пари“ анализира: Кои фирми профитираа од најголемите тендери во 2021 година

Точка

01/02/2022

18:37

97.894

Големина на фонт

а а а

Најголемите 10 тендери во текот на минатата година заедно чинеле дури 200 милиони евра, покажува рангирањето направено од страна на БизнисМрежа.мк.

Нарачатели на 8 од 10-те најголеми тендери се државни и јавни претпријатија, а две се приватни компании кои вршат јавна дејност – „Производство на топлина Балкан енерџи“ и „ЕВН Македонија“. Од државната каса директно отишле пари за тендерот на Министерство за здравство кој чинел 21.655.000 евра, за тендерот на Министерството за транспорт и врски (4.750.000 евра) и за тендерот на Министерството за внатрешни работи ( 4.600.000 евра). Од Градската каса пак, еден тендер е со рамковна вредност од 18,5 милиони евра.

Порталот „Пари“ аналзира кои фирми ги добиле најголеми зделки во државата, и што треба да направат (или веќе направиле) за тие пари.

ТОП 10 ЈАВНИ НАБАВКИ ВО 2021 ГОДИНА

Во евра

„Производство на топлина Балкан енерџи“ е на врвот на листата со јавна набавка склучена на 28.12.2021 од над 4,3 милијарди денари, односно околу 70 милиони евра. Станува збор за рамковна спогодба со фирмата која всушност и е компанија-мајка, Друштвото за производство на електрична енергија и топлина ТЕ-ТО АД Скопје, за набавка на 38.000.000 нормални кубни метри гас. Договорот е за испорака на гас за период од 1 јануари до 30 април. Но, поради високата цен на гасот, која не влезе во новоформираната цена на централното греење, ЕСМ стана привремен управител на „Производство на топлина Балкан енерџи“.

На тендерот и на ЈП за државни патишта и на ЈП за одржување и заштита на магистрални регионални патишта победник е Илинден АД Струга. Од овие два тендера, компанијата добила работа за речиси 30 милиони евра. Притоа, првиот тендер е за изградба на регионален пат Р2246 делница, Извор (спој со А2) – Гарски Мост, а вториот е за инвестициско одржување на патишта во тек на две години.

Национална установа Центар за култура Иљо Антески Смок – Тетово за втората фаза за изградба на нов објект за театар и библиотека во Тетово го избрала Друштвото за градежништво, трговија и услуги НБ – компани ДОО Тетово, за што е склучен договор од 23.000.000 евра. Како што веќе пишувавме, оваа национална установа е на петтото место на последната „црна листа“ што редовно ја објавува УЈП, со неплатен долг за ДДВ од дури 3,4 милиони евра.

Целата анализа може да ја проследите на следниов ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг