Ријана е бремена! Првите фотографии од трудничкото стомаче се нереални - фановите воодушевени

Точка

31/01/2022

19:06

8.475

Големина на фонт

а а а

Ријана и нејзиното момче АСАП Роки го очекуваат првото дете, а тоа го потврдиле и најновите фотографии.

Ријана на 31-ви јануари се фотографирала на снежните улици во Њујорк со откриен стомак и со тие фотографии потврди дека го чека првото дете.

Ријана во широка оверсајз облека дополнително го нагласила трудничкиот стомак, а сцената од голото стомаче низ снежните улици на Њујорк дополнително ги изненади следбениците.

Веќе неколкупати се пишуваше дека Ријана е бремена, а нејзиното момче АСАП Роки неодамна за „GQ“ изјави дека Ријана е љубовта на неговиот живот.

„Да се биде во врска е многу подобро кога знаеш дека си со онаа вистинската. Милион пати е подобро. Кога знаете, знаете, таа е ТАА“, рече тој во мај.