Се враќа трендот на руса коса и темни веѓи

Fashionel.mk

27/01/2022

22:04

19.603

Големина на фонт

а а а

Блонди, Мадона, Сем Браун се само дел од дамите кои во текот на 80-тите беа познати по русата коса и изразено темните веѓи, за потоа сепак да успеат да го најдат совршениот баланс помеѓу природната боја и актуелната.

Години подоцна, Кара Делевињ беше девојката од новата генерација која не' потсети на трендот кој беше еден од оние кои ја одбележаа споменатата декада. И покрај тоа што изразените веѓи станаа тренд, сепак контрастот со косата не се врати меѓу популарните трендови.


До сега.

Неодамна, блогерката Кјара Ферањи се пофали со новиот изглед кој вклучува токму потемни веѓи од коса. Меѓу обожавателките на овој тренд се најде и Кристен Стјуарт.


Веројатно на многумина им изгледа како многу смел чекор, па можете да се обидете постепено. Искористете ја шминката за да видите дали нешто во овој стил ви стои.

Потребен ви е молив за очи во нијансата која ја посакувате, четкичка за веѓи и гел за фиксирање, во случај да не ви се допадне промената и да сакате да се вратите на поранешниот изглед.

Во продолжение неколку фотографии за инспирација.


Би се обиделе ли да го смените изгледот со ваков контраст?



Спонзорирани линкови

Маркетинг