Ненад Периш се расплакал во програма во живо: Тука има некоја вода во која гледам, матна е, дали е тој внатре...

Точка

27/01/2022

19:33

10.196

Големина на фонт

а а а

Ненад Периш, таткото на Матеј, и натаму се наоѓа во Белград и колку и да претешко, тој не губи надеж дека во Хрватска ќе се врати со својот син. Тој, зборувајќи за хрватските медиуми одвај задржувајќи ги солзите зборувал за болката со која секојдневно се носи, за истрагата, но и за шпекулациите околу случајот со исчезнувањето на неговиот син. Како што рекол, често се прашува што се случило.

„Се прашувам, колкав е овој интерес, што всушност се случува, јас сум во странство, тука сум со луѓе што не ги познавам, не знам каде ми е синот...Тука има некоја вода во која гледам, матна е, дали е тој внатре...Тоа е еден кошмар кој рационално не можете да го поврзете. Навечер, пред да легнам да спијам, му се молам на Бога за следниот ден, и така веќе дваесет и неколку дена“, вели неутешниот татко.

Зборувајќи за самата потрага, Ненад Периш рекол дека сигналот од мобилниот телефон му дал надеж, и дека се надевал дека Матеј ќе биде пронајден на Големиот воен остров.

„Важно ми е потрагата да продолжи и тој да биде пронајден“, рекол Периш за "HRT".

Зборувајќи за претходните сознанија, Ненад Периш повторил дека смета дека неговиот син, кој бил снимен од безбедносните камери, не трчал без цел.

„Матеј не е зиморлив. Во зима често кога температурите не се прениски излегува надвор. Тогаш во Белград температурата била висока за тој период од годината. Матеј носел маица со кратки ракави под јакната, бил во тој клуб и веројатно поради тоа не облекол кошула. Тоа што излегол надвор, си помислив како родител, иако можеби не сум во право, е дека мислел брзо да се врати, или можеби имало метеж пред гардероберот. Сигурно не би ја оставил јакната во клубот, а да не дојде по неа“, вели Периш.

Тој додал дека Матеј кај себе имал пари, но дека не знае дали можеби трчал до апартманот во кој биле сместени за да земе уште.

„Мислам дека имал околу 50 до 70 евра. Дали тоа било доволно да го плати тоа што го пиел таму, не знам. Картичката не била во него. Картичката е сега кај мене“, вели Ненад Периш.

Таткото на Матеј зборувал и за пријателката на неговиот син која последна била со него во контакт, и нагласил дека нема потреба таа или било кој од пријателите на Матеј да трпат прозивки по социјалните мрежи.

„Непотребни се и претерани. Им верувам на пријателите на Матеј. Верувам дека би направиле се за Матеј да биде пронајден. Фрлање кал на некого во толку тешки моменти не е потребно“, рекол Периш.

Во еден момент, Ненад Периш не успеал да ги сопре солзите зборувајќи за болката низ која тој и неговото семејство минува.

„Имам свое семејство кое пати поради сето ова и на тоа сум сконцентриран. Морам да го пронајдам Матеј и да го сочувам мирот во семејството. Многу луѓе пред мене имале вакви проблеми, можеби ќе има и некој после мене. Земи крст и носи го, обиди се да бидеш добар човек. Мислам дека сето оваа енергија е подари добрината на Матеј, кој е многу добро момче“, рекол Периш.

Повторил дека е многу благодарен за неизмерната поддршка која секојдневно ја добива.

„Можеби сум ирационален, дозволете ми да сонувам за тоа, сигурно работата ќе се реши, но тој чин на познати и непознати луѓе, пријатели кои ги има многу...Можеби често не ги споменувам, но навистина, има пријатели кои направија неверојатни работи за мене. Им кажав дека нема да можам да им се оддолжам ни за пет животи. Сето тоа ми помага. Но, кога ќе изгасите светло, останува само тоа да се пронајде Матеј, само тоа е мојата желба и ќе бидам најсреќен човек на светот“, рекол Периш.

Потсетуваме, Матеј Периш исчезнал ноќта меѓу 30 и 31 декември во Белград каде со друштвото од Сплит бил да ја дочека Новата година. Друштвото таа кобна ноќ било во клубот Готик, од каде на Матеј му се губи секаква трага. Полицијата од тогаш трага по исчезнатото момче, а последно во рамките на истрагата бил пребарам Големиот воен остров каде бил фатен последниот сигнал од телефонот на Матеј.




Спонзорирани линкови

Маркетинг