Ријана во сандали на -13: Среде зима ги покажа голите нозе во Њујорк

Точка

27/01/2022

16:56

18.609

Големина на фонт

а а а

Ријана неодамна е фотографирана додека била излезена во Њујорк, а ниските јануарски температури убавицата од Барбадос не ја спречиле да ги покаже голите нозе во сандали на потпетица.

Прилично невообичаениот избор за ладните зимски денови пејачката го повторила двапати во рок од седум денови, ризикувајќи да премрзне, само поради модата.


Пејачката првпат прошетала низ Њујорк во саботата кога температурите паднале на минус 13 степени.

Ријана отишла на вечера со момчето АСАП Роки, облечена во фудбалска маица, црвено палто од баленсијага и скијачки ракавици во комбинација со сандали со потпетици.

33-годишната поп-ѕвезда ги покажала голите нозе во понеделникот, посетувајќи го музичкото студио на Роки во винтиџ дрес во комбинација со портокалови ракавици и мини чанта.

За време на двете излегувања на екстремно студеното време, ѕвездата ги комплетирала комбинациите со боси стапала на високи потпетици.


АСАП, пак, целосно се потпрел на концептот на функционална мода. Носел темно сива маица, црни панталони и сина бунда до половината, со капа, ракавици и чизми.

На почетокот на оваа недела, пејачката родена во Барбадос ветила 11 милиони фунти за да им помогне на групите кои се борат против климатските промени на Карибите и САД.



Спонзорирани линкови

Маркетинг