Маск му порача на "McDonalds": „Ќе изедам 'Happy Meal' на ТВ ако прифатите 'Dodgecoin'“

Точка

26/01/2022

16:57

37.241

Големина на фонт

а а а

Елон Маск се обидува да го убеди ланецот ресторани за брза храна "McDonalds" да ја прифати критповалутата “Dodgecoin” како платежно средство и им ветува голема рекламна можност, ако го прифатат неговиот предлог.

Ексцентричниот мултимилијардер и најбогат човек на светот, Елон Маск, ветува дека ќе изеде "Happy Meal" оброк на ТВ ако "McDonalds" почне да ја прифаќа популарната меме криптовалута “Dodgecoin” чиј главен заговорник е токму Маск, пренесува "Independent".

Со оглед на статусот на Маск тоа би можело да биде голема шанса за тој ланец за брза храна дополнително да го промовира својот бренд.


Цената на "Dodgecoin" пораснала малку, и покрај предлогот на Маск до "McDonalds". Меѓутоа, тоа него не го вознемирува многу, со оглед на тоа дека само со своите твитови неколку пати предизвикал пораст на вредноста на повеќе критповалути, па така и на "Dodgecoin".

Веста доаѓа откако компанијата на Маск, Тесла, објавила дека ќе почне да продава дополнителна опрема за фановите на Тесла и за тоа ќе прима "Dodgecoin", пишува порталот "The Verge".


Сепак, ова не е прв пат "Mcdonalds" да се повикува на прифаќање на "Dodgecoin". Многу твитерџии, па и ко-основачот на "Dodgecoin" Били Маркус, во повикале ланецот за брза храна да ја прифати таа критповалута.




Спонзорирани линкови

Маркетинг