Трагична игра на судбината: Мајката на загинатата Јелена од Куманово управувала со џипот кој усмрти пешак на мостот „Гоце Делчев“

Точка

26/01/2022

16:46

10.678

Големина на фонт

а а а

Зад воланот на возилото кое денеска умсрти пешак на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, била мајката на загинатата Јелена Филиповиќ која го загуби животот во сообраќајна несреќа во јануари 2020 година.

Како што дознава „Слободен печат“, обвинител од ОЈО Скопје извршил увид и презема дејства за утврдување на фактите за настанатата трагедија во близина на мостот „Гоце Делчев“ во центарот на Скопје.

Првичните информации се дека до несреќата дошло утринава околу 11 часот, кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.


Крв и урина се земени од лицето што го управувало возилото, за да се испита дали имало алкохол или дрога, а прегледан ќе биде и автомобилот.

Момчето кое управувало со автомобилот во сообраќајката во која загина Јелена Филиповиќ призна вина и доби 7 и пол години казна затвор од скопскиот кривичен суд. Возачот ја призна вината во која почина 17-годишната девојка, а семејството до самиот крај се сомневаше на убиство. Таткото на загинатата девојка пак, од кумановското обвинителство доби обвинение за нарачка на убиство односно дека со умисла поттикнувал 2 лица да лишат од живот 3 лица.


Според обвинителството, поттикнувањето го вршел заради одмазда на смртта на ќерка си која загина во сообраќајката. Обвинетиот, како што информира од Обвинителството, за да го изврши делото, искористил претходен долг на парични средства кои тој му ги позајмил на еден од пријавителите, оштетен во предметот.

Целиот текст прочитајте го на следниот ЛИНК.



Спонзорирани линкови

Маркетинг