Пановски: Заштитени се оние што прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза

Нетпрес

26/01/2022

12:20

5.013

Големина на фонт

а а а

Заштитени се оние што прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза, изјави во своето гостување во емисијата „Студио 10“ д-р Никола Пановски.

- Делта сојот не замина. Се надевам дека овие 26 од вчера се делта сојот. Делта сојот доминира, а нашата смртност е недалеку од онаа во светот. Смртноста е помала во однос на заразеност. Ради правилно лекување смртноста се намалува. Колку што се заразуваат толку и оздравуваат. Заштитени се оние што прележале делта сој и што се вакцинирани со трета доза. Најбитно е колку од тие ревакцнирани и смртни случаи се од тие вакцинирани. Претседателот на Светската здраствена организација не кажува ништо добро, ништо охрабрувачко, а тоа води во депресија, вели Пановски.



Спонзорирани линкови

Маркетинг