Мане заврши во болница по ужасниот судир на теренот, но остана џентлмен и во тешки моменти

Дерби

26/01/2022

11:15

1.351

Големина на фонт

а а а

Сенегал ја оправда фаворитската улога и се пласираше во четвртфиналето на Африканскиот Куп на нации, откако вчера ја победи Зелено ’Ртска Република со резултат 2:0.

„Зелено-жолтите“ го скршија отпорот откако аутсајдерот остана со двајца играчи помалку на теренот, бидејќи по почетното исклучување на Андраде во 21-та минута, следеше и она на голманот Возиња во 57-та минута.

Голманот на оваа островска земја имаше жесток судир со Садио Мане и буквално го патосираше фудбалерот на Ливерпул, кој во дадената ситуација доби потрес на мозокот, но се задржа уште неколку минути на теренот.

Веднаш по инцидентот, Мане постигна гол за 1:0 и потоа беше повлечен од игра, но според прописите на ФИФА, беше испратен и на дополнитена опсервација и детални прегледи од лекарите.

Во болница било утврдено дека има потрес на мозокот, а добра вест е што тој се чувствува добро, за што и самиот потврди преку џентлменската објава на социјалните мрежи, прикачувајќи слика на која се гледа дека бил посетен од страна на Возиња.



Спонзорирани линкови

Маркетинг