Новинарка била удрена од автомобил среде јавување во живо, по што станала и продолжила да известува

Точка

25/01/2022

16:17

17.130

Големина на фонт

а а а

Новинарка на телевизијата „WSAZ“, Тори Јорги, била удрена од автомобил во текот на пренос во живо минатата среда, а снимката набрзо стана вирална на Твитер.

На видеото се гледа како џип ја удира новинарката од позади и ја турка на земја додека таа известува. Меѓутоа, дури и откако автомобилот ја соборил, Јорги станала и продолжила со својата работа. Нејзиниот разговор со водителот Тим Ир ги оставил луѓето запрепастени.

„Ох, Боже мој. Само што ме удри автомобил, но добро сум. Ме удри автомобил, но добро сум, Тим“, рекла новинарката неколку секунди откако паднала на земја.

Јорги по несреќата била испратена на лекарски преглед, а во меѓувреме следбениците ја пофалиле нејзината професионалност.

Видеото е објавено во четвртокот наутро и досега има над 3,5 милиони прегледи и околу 32 илјади лајкови на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг