За нејзиното градење била задолжена компанијата „Abeking&Rasmussen“.
Поголем дел од фудбалските клубови поседуваат луксузни јахти, но само еден живее на неа.
Станува збор за газдата на фудбалскиот клуб Тотенхем, Џо Луис (84) и неговата „палата на вода“ вредна 152 милиони долари.
Aviva III е „паркирана“ на Бахамите каде повлечениот милијардер поминува многу време. Пловилото може да смести 35 членови од посадата, а поседува и тениски терен, кино, многу салони и соба.
Долга е 98 метри, а за градењето била задолжена германската компанија „Abeking&Rasmussen“, пренесува „Autoevolution“.
Воодушевува со луксуз
Медиумите наведуваат дека гостинските соби се големи колку и просечен апартман, додека пак гардероберот е со димензија како бутик.
Познатиот милијардер ги угостил своите фудбалери на јахтата пред неколку години, а тие биле воодушевени од неверојатниот луксуз и однесувањето на сопственикот на клубот.
Aviva III претставува една од најголемите приватни јахти на светот.
Погледнете ги видеата: