(Видео) Голема експлозија во Гана – има мртви, уништени стотици згради

Макфакс

21/01/2022

09:02

3.637

Големина на фонт

а а а

Експлозија во руралниот западен регион на Гана денеска срамни со земја стотици згради и загинаа непознат број жители кога камион кој превезувал експлозиви во рудник за злато се судрил со мотоцикл.

Видеата чија автентичност не е потврдена го покажуваат местото на експлозија каде зградите се сведени на купишта дрво, тули и искривен метал.

Едно видео покажува две тела на земја, покриени со прашина. Фотографијата споделена од член на локалниот совет покажува длабок кратер во епицентарот на експлозијата.

Сеџи Саџи Амедону, заменик генерален директор на Националната организација за управување со катастрофи, рече дека се уништени 500 згради. Регионален службеник за итни случаи изјави за локалните медиуми дека видел 10 мртви тела.

На жителите им е препорачано да ја напуштат областа заради нивна безбедност и да заминат во околните градови, се вели во соопштението на полицијата. Од блиските градови е побарано да отворат јавни простори, вклучително училници и цркви за сместување на преживеаните, соопшти полицијата.

Експлозијата се случила кога мотоцикл удрил под камион кој превезувал експлозиви во сопственост на компанијата Максам во рудникот за злато Чирано, управуван од Кинрос од Торонто.

Портпаролот на Кинрос го потврди инцидентот, велејќи дека се случил на 140 километри од рудникот. Претседателот на Гана Нана Акуфо-Адо на Твитер објави дека е информиран за инцидентот и потврди дека има мртви.



Спонзорирани линкови

Маркетинг