Пети со порака до Французите: Напуштете го Манчестер Јунајтед

Дерби

20/01/2022

15:58

5.202

Големина на фонт

а а а

Емануел Пети стана светски шампион со Франција и најдобрите играчи денови ги мина во Премиер лигата, а како совесен сонародник, сега реши да испрати еден не толку популарен предлог до двајца фудбалери на Манчестер Јунајтед.

Поранешниот член на Арсенал и Челси си даде за право да ги коментира судбините на двајцата Французи кои во овој момент се дел од првиот тим на Јунајтед, а интересно за двајцата има ист совет.

Пети смета дека Пол Погба и Антони Марсијал треба што побрзо да си заминат од клубот, нешто што веќе овој вториот и јавно го побара во недостиг на минутажа.

– Сметам дека врската меѓу Погба и Јунајтед е завршена и тој треба да си оди. Очигледно е дека тој не е среќен во клубот. Игра со години, а доста често е повреден и тоа е знак дека треба да си оди од клубот. Неговата иднина не е во Јунајтед, а ниту клубот нема бенефит да го задржи. Мора да најдат заеднички решение.

– Истото важи и за Марсијал, но тој не треба да се враќа во Франција. Гледам дека има понуди од Шпанија, да бев на негово место, немаше воопшто да размислувам, – вели Пети.



Спонзорирани линкови

Маркетинг