Видео: Се качила во такси и се возела 11 минути - ова 'задоволство' ја чинело вртоглави 9.000 евра, еве зошто

Точка

20/01/2022

22:04

33.393

Големина на фонт

а а а

Маргарита Бекер од Сан Франциско, најблаго кажано - многу скапо платила за возење со такси кое траело само 11 минути.

Таа се качила во такси за да ја однесат од дома до ресторанот каде што била организирана роденденската забава на нејзиниот сопруг.

Цената на возењето била 7,90 долари, но кога платила со картичката, сфатила дека од нејзината сметка се одбиени неверојатни 9.785 долари (8.800 евра).


Возењето било 7.900, па биле додадени две нули, плус 25 отсто бакшиш за таксистот.

Разбирливо, дошло до грешка, а таксистот рекол дека ќе ѝ ги врати парите, меѓутоа, тоа не се случило.

Следните три месеци Маргарита се обидувала да ги врати парите од банката, но не успеала.

На крајот по многу маки и молења, си ги добила парите.

Како што ѝ кажале, таксистот добил отказ, а таа се заколнала дека ќе плаќа само во кеш. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг