Пораки кои другарите на Матеј ги разменувале по неговото исчезнување – се споменува и дрога: „Матеј не е женско некој да му стави дрога во пијалакот...“

Точка

19/01/2022

18:21

33.943

Големина на фонт

а а а

Како што може да се заклучи од пораките во кои се споменува критичната вечер во клубот „Готик“, консумирале дрога...

Хрватската полиција ги поседува сите пораки кои пријателите на исчезнатиот Матеј Периш ги разменувале, но и тоа што се случувало таа кобна вечер, пренесуваат хрватските медиуми.

Како што може да се заклучи од разменетите пораки, критичната вечер во клубот „Готик“, тие консумирале наркотици.

Според информациите, хрватската полиција ги испрашала сите приjaтели на Матеј кои ноќта кога тој исчезнал биле со него во клубот „Готик“ во Белград.


Полицијата дошла до сите пораки кои момчињата кои биле со него ги разменувале од 30 декември до денес, а кои сега ги анализираат за да утврдат што точно таа кобна вечер се случило.

Меѓу нив најдени се и пораки кои пријател на исчезнатиот Матеј, Божо, ги разменувал со својата девојка Сања, еден ден откако Матеј исчезнал и неколку денови после тоа.

Како што се дознава, во пораките еден ден по исчезнувањето на Матеј, Божо констатирал дека не знае што се случило со Матеј, па се запрашал дали во прашање биле „халуциногени дроги или нешто друго слично на тоа“.

Во првиот момент тој на девојката ѝ кажал дека тие не консумирале наркотици и дека не знае што му се случило на Матеј, додека пак во пораките напишани неколку денови подоцна кажал дека консумирале дрога откако Матеј излегол од клубот.

„Нему подоцна Сања му одговорила дека не верува дека Матеј консумирал нешто сам, „освен доколку некој во клубот не му понудил“. Напишала и дека Матеј не е женско за некој да му стави дрога во пијалакот“, изјавил извор близок до истрагата кој додал и дека Божо потоа само рекол: „Навистина не разбирам“.


Неколку денови по овие пораки Божо со својата девојка се допишувал за некои други теми, а пет-шест дена по исчезнувањето на Матеј, како што додава тој, тие повторно ја отвориле темата за Матеј.

„Може да биде тоа што кажа. Но тој пак ќе дојдеше кај Миро, ќе кажеше - одам да го решам тоа, не би му рекол дека ќе прави обиколка низ клубот, навистина не знам што да кажам“, ѝ напишал Божо на својата девојка.

Потоа Сања му напишала на своето момче: „Можеби не го планирал тоа. Или таа Маја ги користи тие чуда“.

„Божо на тоа ѝ одговорил дека можеби било така, но и дека колку што знае „Маја не користи“. Потоа Сања него го прашала дали на Матеј му било криво дека „вие сте зеле, а тој не“, на што момчето ѝ рекло дека Матеј тоа не го ни знае, и дека консумирале откако нивниот пријател исчезнал“, објаснил изворот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг