Светиот крст во Скопје посветен на сите учесници во церемонијата за Богојавление

Точка

19/01/2022

13:22

2.715

Големина на фонт

а а а

Игор Јакимовски го фати Светиот крст кој г.г Стефан го положи во водите на Вардар во Скопје по нивното осветување.

„Оваа година крстот е за сите во знак на сплотеност и заедништво“, порача групата учесници на церемонијата, во која немаше традиционално скокање по крстот, а учесниците го дочекаа заедно прегрнати.

Јакимовски за МИА изјави дека на манифестацијата учествува 29-ти пат и порача дека крстот е заеднички и дека ова дејствување покажува сплотеност.

„Денеска сите видовте како ние сплотени го направивме самиот чин за пуштањето на Светиот крст, така што сосема случајно дојде во моите раце, меѓутоа верувајте тоа е како да паднал во сите раце на сите верници што беа долу во водите. Тука се сите момци, заедно прославуваме, јас ја имав таа чест да дојде во моите раце, тие ме испочитуваа како буквално јас да сум го фатил но тоа е наш заеднички крст и покажавме една сплотеност во овие како да ги кажам тешки времиња, така што ќе продолжиме да бидеме понатаму и се надевам дека ќе живееме една година што ќе биде безгрижна и година на враќање во нормала“, изјави Јакимовски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг