Анализа на МЗ: Зголемен е бројот на амбулантски прегледи – колку од заразените, хоспитализираните и починатите лица од Ковид-19 се вакцинирани?

Точка

14/01/2022

14:52

3.184

Големина на фонт

а а а

Министерството за здравство ја објави редовната анализа на вакцинирани од позитивни случаи со Ковид-19 во период од 6 август 2021 година заклучно со 13 јануари 2022 година.

Да ве потсетиме, за вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози вакцина, а поминале најмалку 14 дена од примањето на втората доза од вакцината.

Во период од 6.8.2021 година до 13.1.2022 година, на територијата на Македонија регистрирани биле 85.593 позитивни лица на Ковид-19, од нив 37 отсто биле целосно вакцинирани, односно 32.079 лица, додека пак невакцинирани биле 63 отсто, односно 53.514 лица.

Според извештаите од болниците во Македонија моментално се хоспитализирани 340 лица, од нив 19 отсто се вакцинирани, а 81 отсто невакцинирани.

Во изминативе неколку недели притисокот врз болниците е намален што се однесува до хоспитализациите, но зголемени се амбулантските прегледи кои се движат и до стотина пациенти на ден.

Според анализата на Министерството за здравство во периодот од 6.8.2021 година до 13.1.2022 година 78 отсто од починатите лица од Ковид-19 биле невакцинирани, а само 22 отсто од нив вакцинирани.

Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања, а пациентите биле вакцинирани со сите типови на вакцини кои ги имаме на располагање кај нас.

Министерството за здравство уште еднаш укажа на важноста на вакцинацијата. Апелираме сите граѓани да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на Ковид-19.




Спонзорирани линкови

Маркетинг