Македонија добива засилување: Митревски на чекор од настап на ЕП

Дерби

14/01/2022

14:23

14.244

Големина на фонт

а а а

Најквалитетната македонска ракометна репрезентација може да добие засилување за вториот натпревар на Европското првенство во името на Никола Митревски.

Членот на Порто имаше позитивен тест во Скопје и поради тоа отпадна од првичниот состав, но потоа направи неколку тестови кои беа негативни и затоа сега ќе може да им се приклучи на соиграчите во Дебрецин.

Сепак тој и на последното тестирање во Унгарија ќе мора да биде чист за да и официјално му се стави на располагање на селекторот Кирил Лазаров.

Ако се биде според планот тогаш Никола ќе може да се фокусира на предизивиците со репрезентацијата, тоа се дуелите со Црна Гора и Данска со што ќе биде затворена оваа фаза.



Спонзорирани линкови

Маркетинг