Шведската министерка: Хакерските напади на Украина се тоа од што се плашиме

Точка

14/01/2022

21:19

4.802

Големина на фонт

а а а

Европската унија ги осудила сајбер нападите на интернет страната на украинската влада и најавила дека ќе разгледа како да му помогне на Киев, изјавил во Брест висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Жозеп Борељ.

„Свикавме итен состанок на Политичкиот и безбедносен одбор на ЕУ за да видиме на кој начин можеме да и пружиме техничка помош на Украина“, изјавил Борељ во Брест, на западот на Франција, каде се одржува неофицијален состанок на министерствата за надворешни работи на државите членки на ЕУ.


Борељ: Може да се замисли кој стои зад тоа

Борељ додал дека не може тие напади да ги припише на никого бидејќи нема докази, но дека може да замисли кој стои зад тоа.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Бербок рекла дека "се уште не може да се изјасни за нападите".


Шведската министерка: Од ова се плашиме

Нападите ги осудила и шведската министерка Ан Линде. "Сајбер нападите на интернет страницата на украинската влада се тоа што не загрижува и од што се плашиме. Мора да видиме кој е одговорен, но ЕУ мора да биде многу остра и цврста во случај на руски напади на Украина", рекла Линде.

Министрите за надворешни работи на ЕУ денеска во Брест ја продолжуваат расправата за ескалацијата на тензиите поради собирањето на руски сили на украинската граница. Од почетокот на неделата разговорите на западните партнери и Русија се одвиваат во различни формати, но засега без успех.



Спонзорирани линкови

Маркетинг