Напиток кој ја ублажува ноќната кашлица: Се пие 1 час пред спиење, а се подготвува од само 3 состојки

Точка

14/01/2022

12:45

17.428

Големина на фонт

а а а

Причините за упорната кашлица можат да бидат различни, а најчестата е инфекција на респираторниот тракт како настинка или грип.

Кашлицата се појавува и поради алергија, астма, пушење цигари и тоа е рефлексна реакција на организмот кој се обидува да го олесни дишењето. Кога се појавува ноќе, кашлицата е особено мачна бидејќи влијае и на квалитетот на сонот. Иако секоја кашлица која трае треба да се испита на лекар, тегобите можете да ги ублажите со природни напитоци.

Постојат бројни народни лекови кои ја ублажуваат кашлицата, а еден е особено ефикасен за ноќната кашлица. Тој се пие 1 час пред спиење и ќе ви помогне да имате мирна ноќ.

Потребни состојки:

- 200 мл. зовриена вода
- 1 среднa банани
- 1 лажичкa мед


Начин на подготовка:

Зовријте ја водата во тенџере, а потоа излупете ja бананaта, изгмечете ја со вилушка и ставете ја во водата. Смесата оставете ја да отстои половина час, а кога ќе се излади, додајте 1 лажичкa мед и напитокот е подготвен за консумација.

Поради високиот процент на калиум, бананите го намалуваат крвниот притисок, а исто така се богати со натриум поради што се добар диуретик и помагаат во елиминирање на вишокот течности во организмот. Бананите содржат и ензими со антивоспалителни својства, поради што му помагаат на организмот да се бори против инфекции и бактерии.

Медот е одличен антиоксидант, го поттикнува варењето и метаболизмот, важи за добар пробиотик, го зајакнува имунитетот и го забрзува закрепнувањето на организмот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг