Шампионот му одржа лекција на Голден Стејт, Бруклин се посрамоти против Оклахома

Дерби

14/01/2022

10:56

9.967

Големина на фонт

а а а

Кошаркарите на Милвоки Бакс му одржаа лекција на Голден Стејт Вориорс (118-99) во дербито во НБА лигата.

Актуелниот шампион ја дочека оваа битка со четири порази во последните пет средби, па токму тоа им даде дополнителна мотивација, енергија, па одиграа страшно прво полувреме кое го завршија со неверoјатни 39 разлика (77-38).

Ова значеше дека вториот дел ќе биде чиста рутина, па „воините“ со подобра игра го ублажија поразот. Адетокумбо запиша трипл-дабл од 30 поени, 12 скокови и 11 асистенции, а двоцифрени беа уште Ален, Портис и Мидлтон.

Кај гостите од Сан Франциско како прв стрелец се издвои Вигинс со 16 кошеви.

Оклахома Сити Тандер пак го изненади Бруклин Нетс и тоа на негов терен со 130-109. Нетс играа без Дурент и Ирвинг кој не смее да игра на домашните средби (не е вакциниран), меѓутоа без разлика на тоа никој не очекуваше една од најслабите екипи на Западот да си поигра со избраниците на Стив Неш.

Гилджес-Александер даде 33 поени, Дорт додаде 27, а Гиди беше автор на 19 поени и 7 асистенции.

Харден пак на спротивната страна уфрли 26 кошеви.

Резултати:

Милвоки – Голден Стејт 118:99

Мемфис – Минесота 116:108

Њу Орлеанс – ЛА Клиперси 113:89

Бруклин – Оклахома 109:130

Денвер – Портланд 140:108



Спонзорирани линкови

Маркетинг