Силен земјотрес го погоди Кипар – почувствуван е и во Египет, Турција и Израел

Макфакс

11/01/2022

08:52

3.752

Големина на фонт

а а а

Земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди областа на Кипар и беше почувствуван низ источниот Медитеран, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Истиот земјотрес, беше почувствуван во Египет, извести Националниот истражувачки институт за астрономија и геофизика на таа земја.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 2 километри, нешто по 3 часот по полноќ недалеку од Лимасол.

Засега нема извештаи за штети или жртви.

Освен во Египет, земјотресот ги погоди и Турција и Израел.