„Пари“ анализа: Колку струја можеше да се купи со плата од пред 10 години?

Точка

10/01/2022

18:07

87.654

Големина на фонт

а а а

Расте цената на струјата, но растат и платите. Анализата што ја направи порталот „Пари“ врз основа на официјални податоци покажува дека сега со една просечна-нето плата во државата може да се купи повеќе струја од пред една деценија, но помалку од лани.

Така, сега може да се купат 4.829 киловат-часа електрична енергија, на крајот од минатата година 5.176 киловати, а пред 10 години можеле да се купат 4.371 киловат-часова.

Како дојдовме до овој податок?

Од 1 јануари се зголеми цената на електричната енергија за 9,48 проценти, а тоа значи дека секој киловат-час електрична енергија потрошен во високата тарифа, која сега е цел ден од 7 часот наутро до 22 часот, чини 7,32 денари, додека ниската, ноќна тарифа, е 3,67 денари. Граѓаните кои немаат двотарифни броила плаќаат струја по цена од 5,87 денари за еден киловат-час.

Според податоците за цената на струјата, сегашните цени се за околу 44 проценти повисоки од оние пред 10 години. Притоа, во анализата на цените ги земавме во предвид реалните цени, со вкалулирани 33,33 проценти за активна моќност која во 2012 година се пресметуваше издвоено и официјално не влегуваше во објавената цена за еден киловат- час електрина енергија, за разлика од сега.

РАСТ НА ЦЕНИ ЗА ЕДНА ДЕЦЕНИЈА

(денари за киловат-час)

Но, за да имаме уште пореална слика за тоа колку киловат-часа електрична енергија можевме да купиме со плата во 2012 година, а колку сега, ќе земеме предвид и дека во моментов на сила е временото решение за намалено ДДВ за електрична енергија од 18 на 5 проценти, кое важи до јули годинава кога ДДВ за електрична енергија треба да биде 10 проценти.

ЦЕНИ НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА СО ДДВ

(денари за киловат-час)


Остатокот од анализата можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг