Пејачката дозволила змии да лазат по неа за потребите на спотот, но притоа едната ја гризнала за брадата...

Точка

27/12/2021

18:40

12.927

Големина на фонт

а а а

Кога станува збор за спотови на песни, трудејќи сѐ да бидат што пооргинални, ѕвездите се секогаш подготвени да направат се. Пејачката Маета се согласила во нејзиниот спот змија да лази по неа. Но, работите тргнале наопаку...

Поп пејачката на својот Инстаграм профил споделила видео од снимањето на спотот за својата песна "Bi*ch Don't Be Mad", откривајќи дека работите зад кулисите биле прилично напнати или подобро кажано - опасни по живот.

Во делот каде насмеана лежи на подот, дозволила змии да лазат по неа, а притоа едната ја гризнала за брадата.

"Низ што сѐ поминувам додека се снимам за вас", додала во описот, а потоа истакнала дека тоа никогаш повеќе нема да го повтори.

21-годишната Маета почнала да објавува песни на SoundCloud уште кога била тинејџерка, а се прослави откако потпишала договор со продуцентската куќа на Џеј Зи, Rock Nation и го објавила албумот "Habits".



Спонзорирани линкови

Маркетинг