Маричиќ ги повика судиите да ѝ објаснат на јавноста на кој основ донеле одлука за пуштањето од притвор на Мијалков

Макфакс

22/12/2021

16:12

3.320

Големина на фонт

а а а

Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на граѓаните во судовите, напиша денеска на својот фејсбук-профил министерот за правда, Бoјан Маричиќ.

Тој додава дека Мијалков бил лице под реален ризик за бегство и повод за настани што ја вознемирија целата македонска јавност.

Одлуката на Апелациониот суд во Скопје да го пушти од притвор Сашо Мијалков ја намалува и онака разнишаната доверба на...

Posted by Bojan Maricik on Wednesday, December 22, 2021

Судиите на Апелациониот суд во Скопје, Ѓоко Ристов и Енвер Беџети, кои ја донесоа оваа одлука, треба да ѝ објаснат на јавноста врз кој основ ја донеле ваквата одлука и на кој начин ќе ја преземат одговорноста доколку има повторно ризик од бегство, додава Маричиќ.

Судот, иако е независен, должен е јавно да ги објаснува своите одлуки за да може граѓаните да веруваат во судството.

Маричиќ со апел до Судскиот совет да испита врз кој основ судиите ја донеле оваа одлука.