Апелација ја прифати гаранцијата од над 11 милиони евра, Мијалков излегува од притвор

Точка

22/12/2021

13:49

4.914

Големина на фонт

а а а

Апелацискиот суд во Скопје ја прифати гаранцијата вредна 11.106.501 евро (во движен и недвижен имот), екс директорот на УБК Сашо Мијалов излегува од притвор.

360 степени“ дознава дека неговата жалба била уважена и решението за притвор е преиначено со прифаќање на гаранцијата.

Ексшефот на УБК треба да излезе од притвор кога ќе завршат административните процедури со ставање на хипотеката на имотот што е понуден како гаранција дека нема да избега.

Апелациските судии му определиле мерки на претпазливост односно одземање на пасошот и обврска да се јавува во судот.

Мијалков издржува мерка притвор во предметот „Трезор“, каде е неправосилно осуден на 8 години затвор.