Најновиот филм за авантурите на човекот-пајак, „Spider-Man: No Way Home“ ја оствари третата највисока заработка на сите времиња во Северна Америка, заработувајќи 253 милиони долари овој викенд, покажува прелиминарната проценка на специјализираната агенција „Exhibitor Relations“, објавена во неделата.
Пред филмот кој со нетрпение го очекуваа фановите на суперхеројот се наоѓаат само „Avengers: Endgame“ (357 милиони долари) и „Avengers: Infinity War“ (258 милиони долари), во аналите на најгледани филмови во САД и Канада, наведува интернет страницата „Box Office Mojo“.
Toj е воедно и најгледаниот филм на студиото „Sony“, пишува „Deadline“.
„Spider-Man: No Way Home“ е трет филм во кој популарниот човек-пајак го глуми Британецот Том Холанд. И минатите филмови во кои црвениот костим го носеа Тоби Мегвајер и Ендру Гарфилд доживеаја рекордна гледаност во киносалите.
Приказната е продолжение на делот „Far From Home“ од 2019 година, со Спајдермен чиј вистински идентитет на Питер Паркер јавно го открива опасниот Мистерио. Средношколецот очајнички се обидува повторно да стане анонимен со помош на друг лик на Марвел, Др. Стрејнџ, кој го толкува Бенедикт Камбербач.