(Фото/Видео) Руска зимска бајка: Празнична атмосфера на големо владее во Москва!

Точка

16/12/2021

20:52

55.796

Големина на фонт

а а а

Москва, како и секоја година, ги изненади граѓаните и туристите со бајковита празнична декорација.

Се чини дека руската зима е 'избркана' од улиците и плоштадите во Москва, бидејќи сè е украсено за луѓето да не брзаат да побегнат од студот, туку да уживаат во оживеаните бајки.


Од џиновски украси низ кои децата едвај чекаат да поминат, до лулашки, вртелешки и чаршиски тезги - сè свети.


На плоштадите има инсталации кои привлекуваат возрасни, но и деца.


Улиците се претворени во светлосни тунели, свечено се осветлени познатите згради за ноќе да дојдат до израз.


Некои плоштади се претворени во огромно украсени лизгалишта.


Дури и парковите се претворени во сценографија за некои од познатите зимски бајки.


А како изгледа прошетка низ Москва за време на празниците, погледнете во видеото: