Први конкретни податоци за омикрон: Вакцините добро штитат од благите симптоми, потешки досега не пријавил никој

Точка

11/12/2021

10:58

25.161

Големина на фонт

а а а

Нивото на заштита кај омикрон сојот е за 20 проценти понизок од она што го пружа третата доза на вакцина против делта сојот, но се уште нема показатели дека новата варијанта на вирусот предизвикува потешка болест.

Третата доза вакцина против ковид-19 нуди до 75 проценти заштита од благи инфекции кај сојот омикрон, покажале новите податоци на владата на Велика Британија.

Нивото на заштита така е околу 30 проценти пониско од она што го пружа третата доза вакцина против делта варијантата, пренесува "Telegraph".

Експертите на Агенцијата за здравствена безбедност на Обединетото Кралство ја анализирале ефикасноста на вакцината, проучувајќи повеќе од 500 луѓе заразени со омикрон.


Утврдено е дека по две дози ефикасноста против омикрон паднала на околу 40 проценти во случајот со вакцината Фајзер, но немало доволно докази да се утврди проценката за АстраЗенека.

Меѓутоа, било утврдено дека со дополнителна доза вакцина заштитата на лице со благи симптоми се зголемува за 75 проценти од Фајзер и 70 проценти за АстраЗенека.

Експертите веруваат дека дополнителните дози нудат поголема заштита од тешки облици на заболувањето, хоспитализација или смрт, но такви податоци се уште нема и ќе бидат достапни кога и доколку пациентите развијат потешки симптоми.


Во болниците нема пациенти со омикрон

Моментално во болниците Велика Британија не е примен никој што е заразен со сојот омикрон, а како и во остатокот од светот, не е забележан и ниеден смртен случај.

"Овие податоци потврдуваат многу повисока преносливост на омикрон, но...не мислам дека тоа значи дека треба да одиме во строг локдаун", вели Пол Хантер, професор по медицина на Универзитетот Источна Англија.

"Ако ширењето на омикрон е неизбежно, најважната работа што можеме да ја направиме е да обезбедиме континуирано воведување на трета доза и брза дистрибуција на антивирусни лекови до ранливи лица рано по дијагнозата", рекол тој.




Спонзорирани линкови

Маркетинг