Како настаналa песната „Svečane bele košulje“ која во легендарниот филм ја отпеа актерката Аница Добра?

Точка

10/12/2021

20:07

8.453

Големина на фонт

а а а

Одговорот го дал фронтменот на Електрични оргазам – Срѓан Гојковиќ Гиле.

Филмот „Crni bombarder“ од режисерот Дарко Бајиќ е еден д најпoзнатите филмови кои настанале во текот на 90-те години на минатиот век во Југославија.

Паметиме многу сцени од тоа остварување, а една од највпечатливите е таа каде Аница Добра, која го толкува ликот на Луна, ја пее сега веќе легендарната песна „Svečane bele košulje“.


Како настанала оваа нумера, открил фронтменот на Електрични оргазам, Гиле:

„Песната ја напишавме Влада Дивљан и јас и настана така што беше нарачана музика за филмот „Crni bombarder“. Филмот зборуваше за настаните на почетокот на 90-те години во Белград, па тоа ја наметна и темата во текстовите за филмот. Јас лично мислам дека тоа заедно со „Однеси ме“ е најдоброто што јас и Дивљан сме го направиле заедно. А, мислам дека и публиката го мисли истото“, изјавил Гиле.

Инаку, филмот „Crni bombarder“ доби своевремена награда за најдобро сценарио на Фестивалот за филмско сценарио во Врњачка Бања во 1992 година, како и награда за најдобар актерски пар на годината за Аница Добра и Драган Бјелогрлиќ.

Погледнете како Аница Добра ја изведува песната „Svečane bele košulje“: