Јапонска студија открива колку пати омикрон сојот на Ковид-19 е позаразен од делта: „Успешно го избегнува имунитетот...“

Точка

10/12/2021

14:45

26.532

Големина на фонт

а а а

Омикрон сојот на коронавирусот е 4,2 пати позаразен во раната фаза во однос на делта сојот, покажува студијата на јапонските научници кои го советуваат Министерството за здравство на таа земја.

Хироши Нишиуру, професор по медицина на Универзитетот во Кјото, кој специјализирал за математичко моделирање на заразните болести, ги анализирал податоците за геномот кои биле достапни до 26 ноември кај Јужноафриканците во покраината Гаутенг.


„Омикрон варијантата се пренесува повеќе и го избегнува имунитетот изграден по природен пат или пак по пат на вакцина“, наведува Нишиуру во својата студија која била претставена на состанокот на советодавниот одбор на Министерството за здравство, пренесува „Bloomberg“.

СЗО неодамна предупреди дека може да се случи овој сој да предизвика „тешки последици“.

Но, порастот на бројот на новозаразени во Јужна Африка по појавата на новата варијанта на коронавирусот сè уште не ги преполнил болниците, што довело до одреден оптимизам дека можеби овој сој предизвикува само блага форма на болеста.

Исто така компаниите Фајзер и Бионтек оваа седмица изјавија дека бустер дозата од нивната вакцина ја зголемува заштитата од омикрон сојот.


Студијата на Нишиуру засега сè уште не е рецензирана и објавена во научно списание. Новата анализа спроведена била со помош на истата метода која научниците ја користеле во студии претходно кои биле објавени во научното списание „Eurosurveillance“ за предвидената доминација на делта сојот на коронавирусот воочи Олимписките игри во Токио.




Спонзорирани линкови

Маркетинг