Русите лансирале турист во вселената: Јапонскиот милијардер со "Сојуз" полетал од Бајконур

Точка

08/12/2021

11:35

1.846

Големина на фонт

а а а

Јапонскиот милијардер Јусаку Маезава денеска одлетал на Меѓународната вселенска станица во својот прв лет во вселената.

Руското вселенско летало "Сојуз", во кој се наоѓал 46-годишниот моден магнат и колекционер на уметнички дела, успешно е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан и ќе пристигне на Меѓународната вселенска станица за околу шест часа, соопштила руската вселенска агенција "Роскосмос".

На 12-дневното патување во вселената, Маезава ќе биде со својот помошник Јозо Хирано, кој ќе го документира патувањето, како и со рускиот космонаут Александар Мисуркин.

Маезава, првиот јапонски турист кој ќе посети Вселенската станица, исто така треба да стане и првиот приватен патник на патувањето на компанијата "SpaceX" во сопственост на Илон Маск, која во 2023-та година ќе го има првиот комерцијален лет до Месечината.



Спонзорирани линкови

Маркетинг