Ја наследи Ангела Меркел: Олаф Шолц избран за нов канцелар на Германија

Точка

08/12/2021

11:18

1.525

Големина на фонт

а а а

Германскиот парламент денеска го избрал Олаф Шолц од Социјалдемократската партија на Германија за нов канцелар, по 16 години, колку што на таа функција и на чело на најголемата европска економија минала канцеларката Ангела Меркел, јавува "Deutsche Welle".

Изјаснувањето во долниот дом на Бундестагот било одржано со тајно гласање и без дебата, а за избор на Шолц на чело на германската влада се изјасниле 395 од 707 пратеници.


Се очекува Шолц и членовите на неговиот кабинет со положување на заклетва и официјално да стапат на должност, наведува "DW".


Олаф Шолц е деветтиот повоен канцелар на Германија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг