(Видео) Таравари: „Тоне бродот на СДСМ, ќе потоне со новиот лидер“

Точка

07/12/2021

20:47

3.342

Големина на фонт

а а а

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен градоначалник на Гостивар, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека бродот на СДСМ тоне.

„Во СДСМ има сериозни проблеми, внатре во партијата. Незадоволството таму е големо. Заев вети многу, ништо не реализираше. Затоа и бега. СДСМ во моментот тоне, а ќе потоне со новиот лидер. Новиот лидер нема да може да ја одржи стабилноста на Владата. Новиот лидер нема да може ги координира коалициските партнери, кои имаат договор со Заев, а не со новиот лидер. Затоа сметам дека ова мнозинство нема да трае многу, и во 2022-ра година ќе има повторно избори“, вели Таравари.

Тој додава дека со ВМРО-ДПМНЕ имале добра соработка на локалните избори.

„Можеби и соработката со нив придонесе да ги добиеме трите општини“.

Градоначалникот на Гостивар повторно ја отвори и темата околу наводниот поткуп на пратеници, во емисијата „Само вистина“ на Канал 5. Тој истакна дека пратеникот Кастриот Реџепи добил поткуп.

„Апсолутно мислам дека го самоизолирале Реџепи. Можеби малку поткуп, малку притисок. ДУИ тоа го прави најдобро. Немам докази, да имав ќе излезев и ќе отидев во Обвинителството. Ова се зборува во кулоарите. Се знае кај бил Кастриот тој ден. Се збори низ Скопје, прашајте пет луѓе, двајца знаат каде бил пратеникот“, рече Таравари, одговарајќи на прашањето дали навистина постои поткуп на пратеници за да преминат на друга страна.

Тој претходно обвини за купување на пратеници, по што со соопштение реагираше премиерот Зоран Заев, кој побара извинување и се закани со тужба.




Спонзорирани линкови

Маркетинг