Марота: Лукаку го продадовме за 115 милиони евра, Џеко дојде за џабе, а нема разлика на теренот

Дерби

07/12/2021

17:40

4.074

Големина на фонт

а а а

Екипата на Интер игра добро во оваа сезона иако мораше да направи доста драстични промени во пресрет на истата, односно по освојувањето на шампионскиот пехар остана без неколку клучни имиња како тренерот Антонио Конте, потоа Ашраф Хакими и напаѓачот Ромелу Лукаку.

На нивно место дојдоа други имиња за кои не беа потрошени многу средства и истите добро се вклопија, се функционира, па за тоа пофалку добива секако тренерот Симоне Инѕаги, но и главниот оперативец Џузепе Бепе Марота кој ја состави оваа екипа.

Марота е особено горд на потегот, операцијата за Лукаку кого го продаде на Челси за 115 милиони евра по што за „ситно“ го доведе Един Џеко од Рома кој перфектно се снајде на „Џузепе Меаца“.

- Лукаку беше продаден за 115 милиони евра, а го доведовме Џеко за ништо. И на теренот нема голема разлика, - порача Мората за „Кориере Дела Сера“.

Един во досегашниот тек има 11 постигнати голови за Интер во сите конкуренции.



Спонзорирани линкови

Маркетинг