Peugeot од 2030 година во Европа ќе продава само електрични автомобили

Точка

07/12/2021

17:21

35.916

Големина на фонт

а а а

И Пежо им се приклучи на автомобилските компании кои од наредната деценија на европските пазари повеќе нема да нуди автомобили кои ќе се движат со мотор со внатрешно согорување.

Според последните планови, Европа ќе биде првата станица на Пежо кон патот на целосна електрификација, бидејќи од француската автомобилска компанија под закрила на групацијата Стелантис објавиле дека од 2030 година на Европејците ќе им се нудат само електрични автомобили.


Според изјавата на извршната директорка Линда Џексон, Пежо и во наредната деценија ќе продолжи да произведува автомобили кои се придвижуваат со мотори, но ќе се испорачуваат на многубројни пазари надвор од Европа.


Купувачите на Пежо во Европа имаат можност да купат електронски верзии од моделите 208 и 2008, а понудата од 2030 година ќе биде проширена со електричниот модел 308, актуелната генерација после која набрзо пристигнува и електричната верзија на наредната генерација кросовер моделот 3008.


Пежо не е првата автомобилска компанија под закрила на Стелантис која го најави овој новитет. Дел од неа се и компаниите ДС Автомобилис, Алфа Ромео и Опел кои од 2026, 2027 и 2028 година ќе произведуваат автомобили на струја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг