Вистинска празнична арома: Домашен пунч од јајца по рецептот на Марта Стјуарт

Точка

07/12/2021

16:02

51.126

Големина на фонт

а а а

Пунчот од јајца, попознат по оригиналниот назив „eggnog“, е особено популарен во зимската сезона – непосредно пред празниците.

Овој пунч воопшто не е тежок за подготовка, но неопходно е добро да се излади пред сервирањето.

Познатата готвачка Марта Стјуарт има одличен рецепт за домашен „eggnog“!

Идеално е да го послужите во сад за пунч, а можете да го сервирате со цимет, слатка павлака, морско оревче...

Потребни состојки:

- 6 жолчки
- 2 белки
- 700 мл. млеко
- 250 мл. слатка павлака
- 60 мл. рум
- 60 мл. бурбон
- 340 мл. коњак
- 150 гр. шеќер
- морско оревче
- прстофат сол


Начин на подготовка:

Ставете ги жолчките во еден сад, додајте 100 гр. шеќер и матете неколку минути.

Загрејте го млекото на оган, во кое ќе додадете прстофат сол. Кога ќе биде врело, полека додавајте го во смесата од шеќер и јајца и постојано мешајте.

Смесата ставете ја во тенџере на оган и варете неколку минути додека не се згусне.

Процедете и претурете во голем сад за пунч. Потоа, додајте ја слатката павлака и алкохолот. Покријте и оставете преку ноќ во фрижидер.

Утредента изматете ги белките на пареа со остатокот од шеќерот. Кога смесата ќе стане хомогена, тргнете ја од оган и изматете во цврст шлаг, а потоа измешајте ја со изладената смеса од фрижидер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг