Филмот на Спилберг на кој му предвидуваат Оскар забранет во земјите кои се најстроги во смисла на цензурата, причината – спорниот лик

Точка

07/12/2021

14:46

9.139

Големина на фонт

а а а

Само еден месец откако филмoт „Eternals“ ја доживеа истата судбина, музичката адаптација на Стивен Спилберг наишла на критики од регионалните цензори на Блискиот Исток, овојпат поради вклучениот трансродов лик.

Адаптацијата на „West Side Story“ на Стивен Спилберг на која ѝ е предвидена номинација за Оскар, нема да се прикажува во Саудиска Арабија, Соединетите Арапски Емирати, Катар, Оман или Кувајт, пренесува „Hollywood Reporter“.

Во Саудиска Арабија и Кувајт кои се сметаат за најстроги во смисла на цензурата, филмот не добил потврда за објавување.


Во останатите земји цензорите барале измени кои Дизни ги одбил.

Филмот требало да биде објавен на 9 декември и бил на сите онлајн страници во кината.

Иако образложението не е потврдено, регионалните извори тврдат дека до одлуката дошло поради ликот на Енивбодиз кој е создаден како трансродов лик во новата адаптација и кој го толкува актерката Ирис Менас.

Со оглед на тоа што хомосексуалноста официјално е илегална во целиот Персиски залив, филмовите кои содржат било какви референци на ЛГБТ често се критикувани од цензорите.

„West Side Story“ ја доживеал истата судбина како претходниот хит на Дизни, филмот „Eternals“ кој минатиот месец бил исфрлен од репертоарот ширум регионот поради вклучување на првиот геј суперхерој, Фастос, а особено поради сцената во која тој се бакнува со својот сопруг Бен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг